Раководството на Ракометниот сојуз на Црна Гора го одбра наследникот на Зоран Рогановиќ, кој веднаш по завршувањето на СП си поднесе оставка од морални причини.
Изборот падна на Владимир Шола, легендарниот голман на хрватската репрезентација, во свое време еден од најдобрите во светот. Тој секогаш беше еден од клучните алки во сите најголемо успеси на хрватскиот ракомет.
По завршувањето на играчката кариера, Шола има и завидна тренерска кариера.