Жељко Бабиќ по неуспешната епизода во Пелистер ја превзема екипата на Подравка. Шест месеци по преселбата тој доби отказ, откако сензационално загуби од Дуго Село со 26-25. Со овој пораз Бабиќ им го отвори патот на Локомотива Загреб до шампионската титула. Својата среќа Бабиќ ќе мора да ја бара на некое друго место.