Поранешниот младински шпански репрезентативец Хесе Родригез пристигна во Италија и ќе игра за Сампдорија која се бори за опстанок во Серија А. Тој доаѓа во Џенова како слобоен фудбалер иако пред неколку недели се зборуваше дека тој ќе се пресели во азербејџански Сабах. Турците пишуваа дека Хесе по „раскинувањето“ со Анкарагучу имал понуда од Сабах која ја прифатил, меѓутоа, изгледа дека шансата да заигра во Италија е попримамлива од азербејџанската лига.
Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната со опција да го продолжи на уште една сезона.
Хесе беше голема надеж на Реал Мадрид, но неговата кариера не отиде во вистински правец. Во 2016 година ПСЖ го купи од Реал за 25 милиони евра, дури имаше и клаузула да не смее да потпише за Барселона, меѓутоа не се изнаигра на „Паркот на принцовите“. Бргу падна во формата, се почесто беше резерва па парижаните го позајмуваа со Лас Палмас, Стоук, Бетис, Спортинг Лисабон, а во 2021 година направи постојан трансфер во Лас Палмас. Таму остана сезона и пол, па отиде во Анкарагучу.
Jese Rodriguez has arrived in Genoa to undergo a medical with Sampdoria (via @TuttoMercatoWeb) pic.twitter.com/67IQnSze0b
— Get Italian Football News (@_GIFN) February 9, 2023