Скандал во НБА: До вчера “спиеше“ со мајка му, а сега ќе играат заедно во ЛА Лејкерси!

7241

Скандалозно или бизарно попрецизно кажано. Имено најновиот “трејд“ ги спои Малик Бисли и Скоти Пипен Јуниор кои сега ќе играат заедно во ЛА Лејкерси. Бизарноста е во тоа што Малик е довчерашен дечко на мајката на Пипен Јуниор. Уште поинтересно, Ларса Пипен е екс-сопруга на легендарниот Скоти Пипен кој освои шест НБА прстени задно со Мајкл Џордан.

Шарадата да биде уште поголема, токму таа Ларса Пипен по разводот со Скоти едно време беше во врска со синот на Џордан.

Ако не можете да сфатите кој со кој, подобро прочитајте го текстот по вторпат драги читатели, навистина е замрсено.

Сега останува да се види како ќе се “снајдат“ во заеднички тим Бисли и Скоти Јуниор.

ПретходноФИФА потврди: Во јануари потрошени се рекордни 1,29 милијарди фунти на трансфери!
СледноФИФА и дозволи на Турција да го продолжи преодниот рок до 18 февруари