Душан Тадиќ, фудбалерот на Ајакс и капитен на репрезентацијата на Србијам наскоро повторно ќе го облече дресот на Војводина.
Оваа “бомба“ ја најави првиот човек на клубот од Нови Сад, Драгољуб Збиљиќ.
“Душан Тадиќ својата кариера ја започна кај нас. Прерано замина, така да не остави некоја си поголема трага во Војводина. Можеби на крајот од својата кариера ќе се врати и ќе ни помогне како после 30 години и повеќе повторно Војводина да ја освои титулата првак на државата. Сакаме да го вратиме, нека игра колку што ќе може а потоа ќе добие и некоја раководна улога во клубот“ истакна претседателот на Војводина.