Лос Анџелес Лејкерс, Минесота Тимбервулвс и Јута Џез се договорија за голема размена на играчи во последниот ден за трансфери во НБА лигата. Имено, ЛА Лејкерс ќе се ослободат од Расел Весбрук, но во своите редови ќе го вратат Дианџело Расел.
Од Минеаполис во Лос Анџелес доаѓаат и Малик Бисли и Џаред Вандербилт.
Од друга страна, Тимбервулфс ќе ги добијат Мајк Конли и Никил Александар-Вокер и неколку пикови од драфтот.
„Џезерите“, пак, ќе ги добијат Вестбрук, Хуан Тоскана-Андерсон, Демијан Џонс и заштитениот пик од првата рунда во 2027 година на Лејкерс, пренесува ESPN.
Сите вклучени играчи се известени за трејдот, вклучувајќи го и Вестбрук, кој наводно бил против заминување во Јута. Сепак, Вестбрук во ЛА завршува по помалку од две години откако Лејкерси го доведоа поранешниот МВП со надеж дека ќе ја вратат франшизата во борбата за титулата. Вестбрук (34) сега се сели во својот петти тим во исто толку години по 11-годишен престој во Оклахома Сити, каде осум сезони беше член на совршената петорка и беше МВП во 2017 година.