Македонските куглари од денеска на Светски куп во Хрватска

82

Од денеска до 12 февруари во Ријека, Хрватска, македонските куглари ќе имаат настап на Светскиот куп во поединечна конкуренција, за јуниори и сениори.

Македонија во У-23 конкуренција ќе ја преставуваат Андреа Вељаноска (ЖКК Пелистер Пин) и Александар Младеновско (КК Макпетрол Б), а во сениорска Стефанија Алексовска (ЖКК Пелистер Пин) и Младен Донковски (КК Макпетрол А).

Вчера нашите куглари имаа тренинг-натпревар на кугланата во Ковачица, Србија. Светскиот куп во Ријека ќе се одржува во кугланата “СРЦ Млака”.

ПретходноСе создава нова Суперлига, се преговара со повеќе од 50 клубови!
СледноНа 63 години почина Маркос Алонсо Пења!