Милан има уште два месеци да одлучи дали ќе остане на Сан Сиро или ќе гради свој стадион

130

Еден од големите градски ривали, екипата на Милан, најдоцна до март мора да одлучи дали останува со лутиот ривал Интер заедно во проектот за изградба на новиот „Сан Сиро“ или сам ќе си гради стадион. Според венсикот „Газета дело Спорт“, „росонерите“ се уште не одлучиле во кој проект ќе инвестираат иако времето за одлука поминува.

Милан ќе мора да ја донесе одлуката во следните два месеци.

„На крајот на март, најдоцна во април, клубот ќе мора да одлучи дали ќе остане на Сан Сиро со Интер или ќе го префрли проектот за новиот објект“, велат од градската управа на Милано.

На почетокот на овој месец преставници на двата клуба требаше да се сретнат и да одговорат на општина Милано, која непосредно пред Божиќ го одобри планот за новиот Сан Сиро, во кој проект ќе учествуваат.

Интересно е што Милан има три проекти на располагање, па затоа веројатно и се уште се тактизира со одлуката.

„За стадионот спроведуваме три проекти паралелно“, рече Паоло Скарони, претседател на Милан. „Еден е оној на Сесто Сан Џовани и друг, кој не сакам да го откријам“.

ПретходноИрвинг на дебито за Далас ги „реши“ Клиперс на гости (ВИДЕО)
СледноЛејкерс го испратија Вестбрук во Јута во троен трејд во кој е вклучена и Минесота