Марко Алонсо Пења, некогашен фудбалер на Барселона и татко на сегашниот фудбалер на Барса, Маркос Алонсо, по тешко и долго боледување почина на 63 години.
Алонсо Пења за Барселона играл од 1982 до 1987 година, исто така го носел дресот и на Атлетико Мадрид во два наврати. Играл и за репрезентацијата на Шпанија.
Интересно, и неговиот татко Маркитос Алонсо бил фудбалер, но на Реал Мадрид.