Претседателот на Ла Лига: Суперлигата е волкот од приказната за Црвенкапа!

138

По најновите разбранувања околу Суперлигата, откако и официјално се дозна дека има нов, модифициран предлог за овој елитистичко фудбалско друштво, со свој коментар на социјалните мрежи се јави и првиот човек на Ла Лига.

Image

Тоа е познатиот Хавиер Тебас, кој не крие дека е изричито против вакво натпреварувањање. Па токму затоа не е омилен лик на Реал Мадрид и Барселона.

Верувајте дека Суперлигата е волкот од приказната за Црвенкапа. Тие сакаат да го измамат европскиот фудбал. Велат сега дека ќе има рамноправни услови за игра, но во реалноста тоа е истиот себичен, елитистички проект кого го интересираат само парите. Ви велам да не наседнувате на нивните лажни приказни“ напиша покрај другото Тебас.

ПретходноФИФА и дозволи на Турција да го продолжи преодниот рок до 18 февруари
СледноПричината за убиството на Кахраман била љубовна афера!