Се создава нова Суперлига, се преговара со повеќе од 50 клубови!

430

Се чини дека и дефинитивно идејата за создавање на Суперлига не е мртва, напротив. Првата битка е загубена, но “војната“ сеуште трае. Имено како што денеска пренесуваат медиумите во Германина, директорот на фирмата А22, Бернд Рајхарт, изјавува дека на повидок се создавање на нов модел на Суперлига. Да потсетиме дека од оваа фирма потекна идејата за Суперлига пред две години.

Рајхарт за новиот модел посочува дека во моментов се преговара со повеќе од 50 клубови во Европа и дека во “игра“ се 80 клубови да се натпреваруваат во повеќе дивизии, а секоја екипа ќе има загарантирано одигрување на 14 натпревари.

Во новата Суперлига предвидено е таа да не биде од затворен тип како НБА на пример, туку да се влегува во зависност од резултатите во националните шампионати, а да се излегува исто така во зависност од резултатите но во Суперлигата.

Се разбира дека оваа идеја е поприфатлива од таа старата која беше како лига со богати клубови, но која не заживеа.

Се разбира дека и оваа идеја за УЕФА не е прифатлива, па сега на потег се Чеферин и компанија.

ПретходноПелистер Волеј преку Струмица до четвртфинале во Купот на ОФМ
СледноМакедонските куглари од денеска на Светски куп во Хрватска