Топ-веста утрово во последниот ден за промена на клупската средина во НБА лигата доаѓа од Феникс. Имено, популарните „сонца“ од Аризона успеаја да го договорат трејдот на ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент.
Еден од најрелевантните извори во НБА лигата, Андреј Војнаровски го потврди трејдот во кој за Дурент, Бруклин ќе ги добие Микал Бриџис, Кам Џонсон и четворица кошаркари од драфтот од првата рунда.
Вреди да се напомене дека ова е втор голем трејд кој годинава го прави Бруклин Нетс, кој претходно го трејдуваше Кајри Ирвинг во Далас Маверикс.
Кевин Дурент побара трејд во текот на летната вонсезона, но тогаш немаше тим подготвен да ги исполни условите на Бруклин и самиот играч, по што Кевин го повлече барањето.
Дурент оваа сезона одигра 39 натпревари во регуларниот дел од сезоната, со просек од 29,7 поени по натпревар.