Украинските медиуми пренесуваат за инцидент во туристичкиот центар Анталија, во кој украинскиот фудбалски репрезентативец Данило Сикан со тупаница нокаутирал руски турист. 21-годишниот играч е член на Шахтјор кој се подготвува во Анталија.
Играчите и стручниот штаб престојувале во хотел во кој имало и руски туристи. Инцидентот се случил кога пијаниот руски турист извикувал „Слава на Русија“. Сикан, не размислувајќи за последиците, го удрил со тупаница во лицето провокаторот кој паднал во безсознание, потоа бил однесен во болница.
Иако немало сведоци за ситуацијата, информацијата е веродостојна. Интересно е што и самиот Сикан веќе ја лајкнал соодветната објава на Инстаграм профилот на изворот.
Сикан има шест натпревари и еден гол во дресот на украинската репрезентација.
Šachtaru Danylo Sikan do xichtu. Rus utrpěl kraniocerebrální trauma a skončil v traumatologickém centru. Když se probral, nechápal co se stalo…neserte Ukrajince 😉 https://t.co/j7SHA29BLS
— Roman M (@Fbeyeee) February 8, 2023