ФИФА и дозволи на Турција да го продолжи преодниот рок до 18 февруари

201

ФИФА го прифати барањето на Фудбалскиот сојуз на Турција за продолжување на преодниот рок во земјата поради катастрофата од земјотресот. Вчера требаше да се затвори преодниот рок на Турција, но Фудбалскиот сојуз на земјата во понеделникот поднесе барање до ФИФА за продолжување на истиот поради катастрофата од земјотресот која ги зафати Турција и Сирија.

ФИФА го прифати барањето, откако Фудбалскиот сојуз на Турција истакна дека земјата е во национална жалост и дека во 10 провинции има вонредна состојба.

Сега преодниот рок во Турција ќе се затвори дури на 18 февруари.

ПретходноСкандал во НБА: До вчера “спиеше“ со мајка му, а сега ќе играат заедно во ЛА Лејкерси!
СледноПретседателот на Ла Лига: Суперлигата е волкот од приказната за Црвенкапа!