ФИФА потврди: Во јануари потрошени се рекордни 1,29 милијарди фунти на трансфери!

74

Она што се најавуваше, па и се претпоставуваше, од денеска е е и официјално. Имено како што известува Скајспорт, ФИФА потврдила дека во јануарскиот преоден рок потршени се вкупно 1,29 милијарди фунти за купување на нови играчи или на трансфери.

Од оваа сума дури 741 милиони фунти потрошиле клубовите од Премиерлигата, додека само Челзи потрошил за нови играчи дури 323 милиони фунти.

Ова му доаѓа дека само клубот од Лондон потрошил околу 1/4, па и повеќе, од целата сума која клубовите ја дале за нови играчи.

Иако ова е рекорд, сепак треба да се знае дека голем број гиганти, како Реал Мадрид и Барселона не купуваа премногу или ништо, која ли ќе беше сумата ако и тие се вклучеа на трансфер пазарот во јануари?

Којзнае.

ПретходноСензација на СП: Крафорд е победник на супер-џи трката!
СледноСкандал во НБА: До вчера “спиеше“ со мајка му, а сега ќе играат заедно во ЛА Лејкерси!