Фуриозно прво полувреме на Кил, Алборг без Хансен пресилен за Пик Сегед!

80

Кил го доби дуелот со Кјиелце на домашен терен, благодарение на добрара игра во второто полувреме славеше со 32-29 за петти триумф оваа сезона. Германскиот состав одигра совршени први 30 минути, ги доби со девет гола разлика (22-13). Гостите ја подобрија играта по одморот, но негативата беше недостижна, едниствено што можеа да направат е да го ублажат поразот.

Екберг со осум гола од исто толку обиди беше лидер кај победникот.

Алборг дојде до четвртата победа оваа сезона во Лигата на шампиони, откако без проблем го доби дуелот против Пик Сегед (33-27). Домаќинот беше без помошта на Микел Хансен, кој поради стрес ќе оди на одмор одредено време.

Сето ова не беше проблем, данскиот состав во првото полувреме имаше позитива од четири гола 15-11 кое не беше тешко да се сочува до самиот крај. Бартхолд имапе осум гола, на другата страна Фримел постигна седум гола.

ПретходноСампдорија се засили со Хесе во борбата за опстанок
СледноПрво чудо на Роналдо во С.Арабија, ги постигна сите четири гола за Ал-Наср (ВИДЕО)