Шест месеци после меѓусебниот меч во Лигата на конференции, екипите на Шкендија и летонска Валмиeра се соочија на тест натпревар во Анталија. Тогаш Шкендија победи и на двата меча (2:1 и 3:1), денеска одиграа „контролка“ во Анталија во која летонскиот тим водеше со 0:2 на полувреме, а тетовските „црвено-црни“ изедначија во второто.
Двата гола за Шкендија ги постигна албанскиот интернационалец Ералдо Чинари. Тоа се случи во 48. и во 66. минута.
Тоа беше последниот контролен меч на Шкендија во Анталија, по што експедицијата се враќа во Македонија.