Барселона со 40 гола во мрежата на Елверум!

71

Барселона остана најдобриот тим после 11 коло во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант ја оправда фаворитската улога против Елверум, на домашен терен славеше со 40-30. Ова беше 10-ти триумф за Барса, има едно реми, скор со кој е лидер на табелата во групата Б.

Во истата група Нант и Целје одиграа неизвесен натпревар, а со цел плен си заминаа гостите славеа со 31-32. Ракометарите на Целје водеа со два гола на полувремето (15-17), но тоа не беше доволно за сигурен триумф, па во неизвесна завршница успеа да ги замине со целиот плен.

Уште еден меч имаше неизвесна завршница, Висла Плоцк на домашен терен приреди изненадување, славеше со минимални 25-24 против фаворитот Магдебург.

ПретходноПобедничка вечер за Партизан и Црвена Звезда во Евролига!
СледноАшаданов по победата над Босна: Секоја чест за овие девојки имаат срце како планина!