Кошаркарките со прва победа после 10 години, со цел плен се враќаат од Сараево!

923

Македонската женска кошаркарска репрезентација конечно успеа да дојде до победа, ја совлада Босна со 66-68 во претпоследниот меч за пласман на Европското првенство 2023 година. Нашите девојки после пауза од десет години запишаа победа на еден официјален натпревар, тоа претходно го сторија во 2013 година против Португалија.

Митрашиновиќ со 18 поени и Трајчевска со 17 поени беа лидери во нашиот табор, Кметовска беше стрелец на 14 поени, Антиќ на 10, вреди да се споменат двата поени на Николиќ, вреди победа.

Ова беше крајно неквалитетен меч, со бројни грешки на двете страни, но најважно со среќен крај за Македонија.
Кошаркарките добро го почнаа мечот, поведоа со 4-11 пред крајот на првата четвртина, ја држеа контролата и во вториот период, недозволувајќи му на противникот, кој беше очаен да приреди пресврт, иако вториот период го доби со минимални 16-15. На полувремето беше 26-30.

Третата четвртина речиси мина изедначено, со тоа што Босна дојде до водство од 40-38 во 28 минута. Во хаосот на теренот, сепак подобро се снајдоа нашите кошаркарки, овој период го завршија со предност од шест поени (43-39).
Стојановска со тројка зголеми на 49-56 по само три минути игра, а потоа на 51-58. Но, ова не беше доволно домашната репрезентација притискаше, на голема среќа не казнуваше максимално од линијата за слободни фрлања. По серијата на грешки, Босна казни, поведе со 63-60 на две и пол минути до крајот. Антиќ конечно стави крај на агонијата (63-62).

Босна на голема среќа продолжи да биде под нивото од линијата за слободни, Митрашиновиќ израмни на 64-64 и 66-66 за неизвесна завршница. Николиќ со првите поени на мечот зголеми на 66-68 на 30 секунди до крајот. Ниту една од двете екипи не успеа да реализира до крајот за голема радост во нашите редови.

Последниот меч од овие квалификации, Македонија го игра на домашен терен против Белгија на 12 овој месец.

ПретходноПристигнаа лоши вести за Чави!
СледноПобедничка вечер за Партизан и Црвена Звезда во Евролига!