Прилепска Победа загуби со убедливи 8:0 на пријателскиот меч со српскиот второлигаш Лозница одигран вчера.
Сепак, прилепчани на овој меч не настапија со првиот тим, што веројатно беше и причина за вака убедливиот пораз. Во составот на Победа имало и неколку фудбалери кои се на проба во зимскиот период.
Според извештаите на српските медиуми, фудбалерите на Победа во текот на целиот натпревар успеаја да упатат само еден удар во рамката од голот.