Партизан и Црвена Звезда победнички го завршија 24 коло во Евролигата, двата тима славеа на гостински терен.
Полесно до бодовите дојдоа „црно-белите“ кои на гости кај Баерн славеа со 71-82 за 13 триумф оваа сезона. Избраниците на Жељко Обрадовиќ одиграа одличен меч, кој го решија во втората и третата четвртина во која беа подобри со 26-41.
Пантер со 19 поени беше прв стрелец, зад него беше Лесорт со 16 поени.
Црвена Звезда пак виде поголема мака, но на крајот успеа да го освои целиот плен. По вторпат оваа сезона, овој пат на гостински терен го совлада Маками со 86-89. Нендовиќ со 28 поени беше вистински лидер на теренот, Митровиќ имаше 14 поени.
До убедлива победа дојде и Барселона, на гости славеше со 75-92.