Шокантна вест дојде вчера од Австрија, која гласеше дека некогашниот фудбалски репрезентативец Волкан Кахраман бил брутално убиен.
Познато е дека убиството го сторил негов познат, биле и пријатели. Станува збор за Орхан С. Откако убиецот пукал и го убил некогашниот фудбалер, тогаш си пресудил самиот.
Инаку денеска од Австрија доаѓаат информации дека причина за ова трагедија била љубовна афера.
Имено Кахриман бил во врска со сопругата на Орхан С. Па тој откако дознал дека неговиот пријател имал врска со неговата жена одлучил да му се одмазди.