Алекс „тресе“ за Ал Фејха! (ВИДЕО)

670

Алекс Трајковски по подолго време е стрелец за својот Ал Фејха и тоа во натпревар од 16.коло во Саудиска Арабија. Имено Македонецот на мечот со Дамак во 65.минута стрелаше за 1:1. Убаво се снајде пред противничкиот гол и му донесе на својот тим израмнување.

Да споменеме дека Трајковски не беше стартер, влезе во игра на почетокот во второто полувреме и после дваесетина минута докажа дека местото му е меѓу стартерите. Токму овој гол се покажа дека е доволен Македонецот да му донесе бод на својот тим со оглед на тоа дека заврши со резултат 1:1. 

Попладнево за Ал Етифак настапи и Дарко Велковски кој го одигра сиот меч за својот тим, но сепак беше поразен од Ал Тае со 2:0.

ПретходноБразилците тврдат дека имаат нов селектор, а Зидан тоа го чека!
СледноЃоковиќ поднесе молба за влез во САД!