Лоша финална четвртина и пораз на МЗТ од директниот конкурент за опстанок

137

Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз на гостувањето кај Морнар во Бар, директниот конкурент за опстанок во АБА 1 лигата. Резултатот на крајот беше 93-84 за домашната екипа и тоа благодарение на одличната игра во последната четвртина.

Во првите три четвртини беше резултатски „тесно“, на полувреме беше изедначено 46-46, беше изедначено и по третата четвртина 68-68. Сепак, на стартот на последниот период кошаркарите на МЗТ одиграа лошо и му дозволија на противникот брзо да се одлепи на 10 кошеви разлика (85-75).

Со тоа „штрковите“ си ја отежнаа работата и се најдоа во позиција да бркаат резултат и загубија во трката. Не стигнаа затоа што загубија со девет разлика (93-84). МЗТ остана на последното место на табелата со скор 3-16, додека Морнар кој е пред нив ја впиша шестата победа и излезе од опасната зона, барем до комплетирање на 18. коло.

Кај МЗТ најефикасен беше Абдул Малик Абу со 20 поени и 5 скокови, а Мајкл Кафи постигна 13 поени и имаше 8 асистенции. Кај Морнар по 24 поени реализираа Глас и Пецарски.

ФОТО: aba-liga.com

ПретходноРК Алкалоид ги промовираше најновите засилувања!
СледноТричко го спаси АЕК од сензационален пораз (ВИДЕО)