Македонскиот ракометен интернационалец Никола Митревски на голот на својот Порто имаше прекрасна вечер во Лигата на Шампионите против тимот на Динамо Букурешт. Тој во првата победа на тимот во ова наптреварување сезонава учевствуваше со фантастични 13 одбрани, а една од нив заврши во топ пет голманските изведби според ЕХФ.
Митревски го освои петтото место за ова коло, на која уште се најдоа и Паличка, Волф, Мрква и Јастржебски.