Баерн ќе го казни својот голман со фантастични 1,6 милиони евра!

379

Се чини дека и дефинитивно приказната на Мануел Ноер во Баерн Минхен е готова. Капитенот и еден од клучните играчи на “баварците“ едноставно сам си се намести на пенал што се вели.

Прво за време на паузата после СП во Катар на скијање си ја скрши ногата, па потоа јавно го критикуваше клубот за потезите што го влече, посебно околу неговиот личен пријател инаку некогашен тренер на голманите, хрватот Тони Топаловиќ.

Раководство на Баерн, барем според пишувањата на “БИЛД“, одлучило да го казни Ноер со неверојатни и фантастични 1,6 милиони евра. Тоа е најголема казна во историјата на клубот. Потоа да му се одземе капитенската лента и на крај, веројатно во јуни и да го “откачи“ од клубот.

Токму затоа доведене е Зомер, а ќе биде вратен и Нибел кој е позајмица во Монако.

ПретходноСекоја чест: Меси донирал 3,5 милиони евра за погодените од земјотресот во Турција и Сирија!
СледноЈелена Антиќ по триумфот во Сараево: Премногу сум горда на сите што беа дел од оваа победа!