Вчера и денеска медиумите во Бразил наголемо пишуваат дека нов селектор на нивната репрезентација ќе биде Карло Анчелоти. Дека се било договорено и дека Дон Карло, по завршувањето на сезоната, ќе си замине од “Сантијаго Бернабеу“. Имено и тој бил свесен дека сепак не е баш по вкусовите на Флорентино Перез.
Токму ова најмногу го радува Зинедин Зидан, кој се надева дека по третпат ќе ги предводи “кралевите“. Откако не стана селектор на Франција, Зизу знае каде му е најдобро, а веќе го знае списокот на евентуалните засилувања.
Неговото име се врзуваше и со ПСЖ, но сепак, нели, Реал си е Реал.