Гвардиола: И да нѐ исфрлат од Премиер лигата, јас ќе останам, но ве уверувам дека сме невини

242

Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола изјави дека е апсолутно сигурен во невиноста на клубот во обвиненијата на Премиер лигата за финансиски неправилности. Шпанецот им верува на сопствениците и нема намера да ја напушти функцијата поради овие проблеми.

Клубот ми докажа дека сме целосно невини. Претседателот, сопственикот и извршниот директор ми објаснија сè. Знам на која страна сум. Имаме среќа што живееме во прекрасна земја со општество во кое сите се невини додека не се докаже вината. Ми се чини дека ние ја немавме таа можност. Ми се чини како веќе да сме осудени на пропаст.

Не знам што ќе се случи. Од друга страна, лично ми е драго што сме тука бидејќи, како што се случи во случајот со УЕФА, имаме шанса да ја одбраниме нашата позиција. Имаме добри адвокати, но не можеме да кажеме дека УЕФА имала лоши адвокати, а Премиер лигата поддржана од 19 клубови исто така ќе земе и добри адвокати.

На едната страна се зборовите на 19 клубови, на другата – на сопствениците на Сити. Жал ми е, но јас им верувам на моите газди“, изјави Гвардиола.

Што ќе се случи ако Сити биде прогласен за виновен и на клубот му бидат изречени казни, суспензии, одземање бодови, префрлување во пониски лиги и слично.

Доколку бидеме прогласени за виновни, ќе ја прифатиме казната што ќе ни ја изрече Премиер лигата. И порано сме биле во пониските дивизии. Ќе се вратиме пак ако треба, нема проблем. Ќе ги донесеме Пол Диков и Мајк Сомерби (поранешни играчи на Сити, сега ветерани) и ќе се вратиме.

Тренираме нормално и се подготвуваме за натпреварот со Астон Вила. Мора да победиме и играчите се фокусирани на овој меч. Нема да заминам, ве уверувам. Сакам да останам повеќе од кога било. По многу, многу години во Премиер лигата, не сакам да си заминам“, изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.

ПретходноПСЖ не сака да го продолжи договорот со Серхио Рамос!
СледноОва се тројцата финалисти за наградата „The Best“ на ФИФА