Жиру за радост и крај на црната серија на Милан (ВИДЕО)

139

Милан на „Сан Сиро“ го совлада Торино во 22. коло од италијанската Серија А со 1:0. Јунак на домашните беше феноменалниот Оливие Жиру, кој го постигна победничкиот гол во 62. минута од натпреварот.

Милан се мачеше да дојде до трите бода, но како решение повторно го имаше искусниот Французин кој со еден потег го реши дуелот.

„Росонерите“ одиграа катастрофално прво полувреме, па среќа во вториот дел успеаја да најдат начин за да ја извојуваат посакуваната победа.

Милан на овој начин стигнаа до многу важни три бода, со кои ја прекинаа серијата од три порази во низа и пет натпревари без победа во првенството.

ПретходноМладите куглари не успеаја да стигнат до четвртфиналето на Светскиот куп
СледноОмар Коли од Сампдорија се сели во Бешикташ