Жоао Феликс кажа зошто си заминал од Атлетико, зборуваше за Симеоне и Потер

636

Еден од новите играчи на Челзи, Жоао Феликс зборуваше за тоа зошто го напуштил Атлетико во насока на Челзи, но и работата со Диего Симеоне и Грем Потер. Атлетико го купи за 120 милиони евра во 2019 година, но тој не успеа да се наметне во тимот на Симеоне.

Феликс посакал да го напушти Атлетико уште за време на СП во Катар, а Атлетико го испрати на позајмица во Челзи.

Сакав да си отидам токму сега бидејќи ми беше тешко да се навикнам на начинот на игра. Мојата глава беше полна со секакви работи, и со сите поставени услови, едноставно беше премногу за мене. Тоа мораше да се случи сега и мислам дека е добро и за Атлетико и за мене. Сите го знаат Диего Симеоне и знаат што постигна. Го разбира фудбалот, кој за некого е добар, а за други лош. Тој дефинитивно ме направи подобар играч, станав подобар фудбалер за време на мојот престој во Атлетико. Морам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, и во Атлетико и во Португалија, Диего Симеоне, но и Фернандо Сантос. Сето ова ми помогна да пораснам“, изјави Феликс за шпанскиот весник „АС“.

Во еден од првите денови, Грем Потер ме повика и ми објасни која е неговата идеја за фудбалот и како треба да се вклопам. Тој ми објасни како ќе игра тимот, што треба да правиме. Навистина уживав во разговоров. Менаџерот ми покажа дека е многу добар во работата, но и добар човек. Сака да ја има топката, да ја контролира играта и да напаѓа. Секако дека мораме да се браниме, но во основа тој сака да нападне, што ми се допаѓа“, изјави Португалецот по повод неговиот кус досегашен престој во Англија.

ПретходноРистовски, Адеми и „модрите“ со почит за легендарниот Чиро (ФОТО)
СледноЧеферин ги предупреди клубовите: Претерувате со платите на фудбалерите!