Младите куглари не успеаја да стигнат до четвртфиналето на Светскиот куп

70

Македонски млади куглари не успеаја да се пласираат во четвртфиналните борби на Светскиот куп во поединечна конкуренција кој се одржува во Ријека, Хрватска.

Денеска Андреа Вељаноска имаше слаб ден и не успеа да се снајде на патеките, иако во третиот сет доби прилика да го промени текот на натпреварот по одличните 15 кугли и топењето на вкупната разлика, па на крајот беше поразена во дуелот со полската кугларка Сидло.

Александар Младеновски, пак, одлично започна на пресметката со Словакот Магала, одигра одличен прв сет кој не успеа да го добие, а во текот на натпреварот беше во игра, но не успеваше во клучните мигови да има потег за победа. Александар го доби последниот сет, но на крајот загуби.

За нас преостануваат настапите на сениорите.

ПретходноЧеферин ги предупреди клубовите: Претерувате со платите на фудбалерите!
СледноЖиру за радост и крај на црната серија на Милан (ВИДЕО)