Ракометарите на Вардар денеска во СЕХА лигата успеаја да му се реваншираат на Татран Прешов за поразот на стартот на сезоната. Згора на тоа „црвено-црните“ успеаја да победат со гол повеќе од поразот во Словачка и да останат во трка за првото место во групата.
На прес-конференцијата по мечот, тренерот на Вардар 1961, Владо Недановски изјави:
„Навистина добар настап во одлична атмосфера. Денеска ситуацијата беше сосема поинаква бидејќи можевме да сметаме на некои од нашите важни играчи. Имавме малку време да се подготвиме за овој натпревар и тоа беше видливо и покрај фактот што правевме грешки. Бевме фокусирани на нападот. Откако сите наши играчи ќе се вратат, верувам дека имаме потенцијал да бидеме уште подобри“.