Николиќ: МЗТ е единствениот тим без гостинска победа – мора да се промени ова!

104

МЗТ Скопје денеска (18 часот) му гостува на Морнар во рамките на 18. коло во АБА-лигата. Актуелниот македонски првак ја брка првата гостинска победа, нешто што мора да се оствари доколку сака да остане во ова друштво. Вака размислува и стратегот Драган Николиќ, кој вели дека ќе влезат без еуфорија, но со голема самодоверба. Тој од своите момци ќе бара да го задржат нивото од претходната средба против Олимпија, тоа е единствениот пат до победата.

„Во Бар одиме со оптимам и зголемена самодоверба, но без еуфорија бидејки не ги заборавивме претходните лоши партии, особено на гостински терен. МЗТ Скопје е единствен без победа на теренот против некој од противниците и ако сакаме да се спротивставиме во АБА ова треба драстично да се промени, се разбира во наша корист. Со нетрпение го очекувам дуелот со тимот на Морнар и средбата со нашите големи спортски пријатели, браќата Ѓорѓе и Михаило Павичевиќ, кои стојат зад овој проект и кои прават многу за промоција на кошарката во Црна Гора. Очекувам добра игра од моите кошаркари, кои се надевам дека ќе го задржат квалитетот и нивото на енергија од натпреварот против Цедевита Олимпија. Ако го сторат тоа, тогаш имаме шанси да се радуваме по пресметката крај Јадранското море”, изјави Николиќ.

МЗТ Скопје е последен на табелата, има победа помалку од Морнар, победа ќе значи уште еден чекор напред кон опстанокот.

ПретходноПет конзорциуми сакаат да го купат Јунајтед, дел веќе со понуди
СледноДодека Роналдо “бомбардираше“, на трибините се случуваше вистински ужас! (ФОТО)