Николиќ: Од добар впечаток на гости не се живее

189

Иако одиграа одличен натпревар, кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје А. повторно се поразени во АБА лигата. Вечерва „штрковите“ со лошо издание во последната четвртина го загубија мечот со Морнар на гостински терен.

„Квалитетен натпревар. Очекував дека ќе биде егал. По третата четвртина очекував дека една топка ќе одлучува, но не излезе така. Пецарски постигна две тројки, се случија 2-3 грешки, ние имавме многу фаули. Се обидувам да објаснам дека на гости не се живее од добар меч и впечаток. Имавме енергија, се вративме во игра, но потоа ја испуштивме средбата во последната четвртина. Ни недостасуваат некои работи за да дојдеме до вакви вредни победи на гости. Без победи на гости, нема да го оствариме зацртаното“, изјави на прес-конференцијата по мечот, тренерот на нашиот шампион, Драган Николиќ.

ПретходноШпански третолигаш почнува со изградба на фантастичен стадион
СледноНедановски: Кога ќе се комплетираме ќе бидеме уште подобри