И официјално, тимот на Сампдорија објави дека досегашниот нивен дефанзивец Омар Коли, се сели во тимот на Бешикташ во Турција.
Интернационалецот од Гамбија има 30 години и дојде во Сампдорија до Генк во 2018 година во трансфер вреден девет милиони евра. Беше стандарден и одигра 136 мечеви во клубот од Џенова.
По Николо Заниоло кој пристигна во Галата, ова е втор играч во само 24 часа кој од Серија А се сели во Турција.
📄 | OFFICIAL#Colley ceduto al @Besiktas a titolo definitivo.
— U.C. Sampdoria (@sampdoria) February 9, 2023