Орландо го шокираше лидерот Денвер (ВИДЕО)

88

Тимот на Орландо Меџик синоќа приреди пријатно изненадување откако го совлада со конечни 115:104 тимот на Денвер инаку лидер на конференцијата Запад во НБА лигата.

Орландо доби три од четирите делници на овој меч и тоа беше и повеќе од доволно за да се дојде до триумф. Картер најјефикасен во победничкиот тим со 19 поени, а следен од неговиот табор беше Ентони со два поени помалку. Гордон кај поразениот тим постигна дури 37 поени, Јокиќ 29 но тоа не беше доволно за поволен резултат.

Лејкерси тонат ли тонат сезонава, а последниот удар им го зададе синоќа тимот на Милвоки. Конечни 106:115 за Бакси во кој Јанис постигна 38 поени и десет скока, додека Денис Шродер кај Лејкерси додаде свои 25.

Резултати:

Орландо – Денвер 115:104

Атланта – Феникс 116:107

Бруклин – Чикаго 116.105

ЛА Лејкерс – Милвоки 106:115

ПретходноСамо два прволигаши во Европа до сега немаат ниту една победа
СледноМитрашиновиќ: Оваа репрезентација има квалитет, тоа синоќа го докажавме