Пелистер со младиот Јовчевски на голот

472

ФК Пелистер има млад и перспективен голман со кој денеска потпиша две и пол годишен договор. Се работи за со 19 годишниот Андреј Јовчевски за кого од Пелистер велат дека е репрезентативен потенцијал и се надева дека ќе се наметне во U21 репрезентацијата на Македонија кај селекторот Драган Канатларовски.

ФК Пелистер неодамна доби нова структура, најавено е стабилизирање на клубот и враќање во ПМФЛ што поскоро, како и зајакнување на младинската школа која во иднина ќе треба да го „храни“ првиот тим.

ПретходноСупер потег на Ристовски – со волеј ја затресе мрежата на Истра (видео)
СледноФФМ учествуваше во акцијата на УЕФА за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија