Пет конзорциуми сакаат да го купат Јунајтед, дел веќе со понуди

158

Како што пренесуваат медиумите на Островот, пет конзорциуми досега изразија сериозна намера за купување на Манчестер Јунајтед. Некои од нив веќе поднеле и официјални понуди, а останатите се очекуваат во наредните денови. Сегашните сопственици семејството Глејзер поставија краен рок за првични понуди до петок следната недела. Се очекува Американците за клубот од „Олд Трафорд“ да бараат меѓу пет и шест милијарди фунти, но според печатот првичните понуди ќе бидат меѓу четири и пет милијарди.

Во моментов фаворит во наддавањето се чини дека е англискиот милијардер Сер Џим Ретклиф, кој прв и официјално ја објави желбата да го купи клубот. Ретклиф, кој е сопственик на хемискиот гигант INEOS, е познат како доживотен навивач на “Црвените Ѓаволи„.

Вчера, од објавите во локалниот печат стана јасно дека тој ангажирал две од најголемите инвестициски банки – ЈП Морган и Голдман Сакс, да помогнат во консултантски активности во преговорите со семејството Глејзер, а исто така се обврзал да го покрие долгот на клубот што во моментов изнесува околу 800 милиони долари.

ПретходноЈана Атанасовскa со уште еден историски успех за македонското скијање!
СледноНиколиќ: МЗТ е единствениот тим без гостинска победа – мора да се промени ова!