Легендарниот хрватски тренер и селектор, Мирослав Чиро Блажевиќ, почина ден пред својот 88 роденден, но остави голем белег на клупата на „модрите“ кои ги водеше во четири наврати. Покрај едноминутниот молк, со посебен гест фудбалерите на Динамо (З) денеска му оддадоа почит на својот великан.
Адеми, Ристовски и останатите фудбалери на Динамо на денешниот меч со Истра излегоа со бели шалови на вратот, нешто што беше заштитен знак за популарниот Чиро за време на неговата долгогодишна тренерска кариера.