РК Алкалоид ги промовираше најновите засилувања!

350

 

РК Алкалоид денеска и официјално ги потврди своите зимски засилувања. Амбициозниот суперлигаш се пофали и ги промовираше Иван Џонов, Давид Савревски, Костадин Петров и младиот Дамјан Митев.

Се разбира со овие играчи ростерот на стратегот Кире Лазаров и тоа како ќе биде поквалитетен за тоа што тимот го очекува во пролетниот дел од сезоната.

РК Алкалоид го комплетираше својот играчки кадар за претстојниот дел од сезоната со четворица нови ракометари.

Наши нови играчи се левиот бек Иван Џонов, десниот бек Давид Савревски, пикерот Костадин Петров и младиот среден бек Дамјан Митев.

Со овие четворица играчи нашиот стручен штаб ќе добие повеќе опции за игра и тимот ќе стане поконкурентен во плејоф-натпреварувањето од Суперлигата, во кое ќе играат осумте најдобри екипи во Македонија“истакнаа од РК Алкалоид.

ПретходноВардар покажа кој е кој, триумф над Татран (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛоша финална четвртина и пораз на МЗТ од директниот конкурент за опстанок