Промоција на Филип Кузмановски во Вецлар!

243

Веќе не е тајна дека Филип Кузмановски во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Вецлар. Македонскиот репрезентативец вчера не беше во составот на Хановер, а денеска е промовиран од страна на новиот клуб, каде помошен тренер е Филип Миркуловски.

За Кузмновски ова ќе биде трет бундес-лигашки тим, во 2019 година од Пелистер се пресели во Магдебург, од каде пак направи трансфер во редовите на Хановер. Кузмановски важниот чекор во својата кариера го направи во дресот на Металург.

Македонскиот репрезентативец во дресот на Вецлар ќе биде до крајот на сезоната, таков е договорот со можност истиот да биде продолжен.

„Бев воодушевен кога слушнав дека Вецлар се интересира за мене. Ни претстои голема задача до крајот на сезоната. Ќе направам се за да му помогнам на тимот, а со тоа и на клубот да победи на многу натпревари и да го совладаме овој предизвик“ изјави Кузмановски на промоцијата.

Инаку тој во Вецлар ќе го носи дресот со бр.5.

ПретходноКук: Почнуваме да играме онака како што се очекува од нас – предуслов за уште една победа!
СледноХатајспор се повлече од овогодинешниот шампионат на Турција