Скалони, Анчелоти и Гвардиола кандидати за тренер на годината според ФИФА

76

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се тројцата кандидати според ФИФА од кои треба да се избере тренерот на 2022 година.

Скалони стана светски шампион со Аргентина на Светското првенство во Катар во 2022 година, Анчелоти триумфираше со Реал во Лигата на шампионите и Ла Лига, а Гвардиола ја освои титулата во Англија на чело на Сити. Од тројцата, само Пеп  е вече изрбан од ФИФА за најдобар тренер, а тоа се случи во 2011 година, кога ја предводеше Барселона. Пеп има и две втори места (2015, 2019) и три трети места (2010, 2012, 2021) во анкетите за најдобри меѓу тренерите. За Анчелоти ова е втора номинација по онаа во 2014 година, кога беше втор зад Јоаким Лев. Најмладиот меѓу нив Скалони, првпат добива шанса да се бори за оваа награда.

Добитникот на наградата за тренер на годината за 2022 година ќе биде објавен на 27 февруари на церемонијата на ФИФА The Best во Париз. Победникот ќе биде одреден со гласање на селекторите и капитените на репрезентациите, како и од новинарите и навивачите кои гласале на веб-страницата на ФИФА. Награда ќе има и за најдобар тренер во женскиот фудбал, каде кандидати се селекторот на Англија, Сарина Вигман, селекторот на Бразил, Пиа Сундхаџ и тренерот на Лион, Соња Бомпастор.

ПретходноМитрашиновиќ: Оваа репрезентација има квалитет, тоа синоќа го докажавме
СледноМитревски со топ пет обрана во Лигата на Шампионите (ВИДЕО)