Во овие тешки времиња за Турција, се разбира дека која помош е добредојдена. Посебно ако таа доаѓа од славни фудбалери, спортисти, познати фаци со кои се подига моралот на турскиот народ да го преживее оој навистина за нив катастрофално теќок период по стравичниот земјотрес од пред неколку дена.
Со оглед на тоа дека првенството во Суперлигата е прекинато, сите клубови со играчите и тренерите, се вклучени во праќање помош на настраданите.
Па така и тимот на Фатх Карагумрук, каде што тренер е славниот Андреа Пирло, организираше донации и праќање потребни материјали и средства. Се разбира дека во преден план беше славниот Италијанец со што ги воодушеви Турците.
„Навистина жалам за ова што се случи. Се надевам дека можеме да помогнеме во голема мерка“ изјави Пирло.
Yaraları hep beraber saracağız 🙏🏼
Takımımız, ülkemizi yasa boğan deprem felaketinden etkilenen vatandaşlarımıza gönderilmek üzere hazırladığımız yardım kolilerini, yardım tırımıza yükledi.
Desteklerimiz devam edecek olup, bu enkazı birlikte kaldıracağız. pic.twitter.com/G7buu4o6QO
— VavaCars Fatih Karagümrük SK (@karagumruk_sk) February 9, 2023