Супер потег на Ристовски – со волеј ја затресе мрежата на Истра (видео)

1556

Динамо Загреб игра против Истра во хрватското првенство и води на полувреме со 1:0 со голот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Прво капитенот Аријан Адеми изнуди пенал во 25. Минута меѓутоа Дрмиќ ја погоди стативата и топката отиде во гол аут.

Сепак, осум минути подоцна на нафрлување на Батурина, Ристовски убаво ја „закачи“ топката со волеј и ја смести во голот на противникот.

ПретходноОва се тројцата финалисти за наградата „The Best“ на ФИФА
СледноПелистер со младиот Јовчевски на голот