УЕФА и нивниот партнер УЕФА Детската фондација донираа 200.000 евра во хуманитарната акција за помош на настраданите во разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Поголем дел од парите се донирани на Турската фудбалска федерација, а другите на организации кои работат во првите линии на одговор на катастрофата на југот на Турција и Сирија.
И Фудбалската федерација на Македонија учествуваше со акцијата и донираше финансиски средства.
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека се разгледува можноста за собирање на финансиски срества преку активности за време на финалната недела на Лигата на шампионите во Истанбул во јуни.