Шпански третолигаш почнува со изградба на фантастичен стадион

492

Клуб Депортиво Елденсе, кој се натпреварува во Примера дивизион РФЕФ – 2 група, трета по ранг во шпанскиот клупски фудбал, подготви проект за изградба на нов стадион. Тоа ќе биде убавец: 18 места за седење и паркинг место за 3000 автомобили. На стадионот ќе има угостителски објекти, бизнис центар и шопинг центар.
Елденсе доаѓа од градот Елде во провинцијата Аликанте, околу 120 километри јужно од Валенсија. Клубот го објави проектот и позитивно ја изненади Шпанија после состанокот на претседателот на клубот Паскал Перез со градскиот совет на Елде.
Ако на време ги добие сите дозволи, Перез вети дека стадионот ќе може да се изгради во рок од 18 месеци! Цената не се споменува.
Сега, Елденсе игра на стадионот Нуево Пепико Амат изграден во 2012 година за 4,5 милиони евра со капацитет од 4000 места за седење. Новиот стадион би требало да се гради на местото на стариот стадион.

ФОТОГРАФИИ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноАнтовски е нов фудбалер на чешка Карвина
СледноНиколиќ: Од добар впечаток на гости не се живее