Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поднел молба за влез во САД а во неа ја има целата потребна документација. Целта на Србинот е да може да настапи на Мастерс турнирите во Индијана Велс и Мајами.
Оваа вест ја потврдија од семејството на Новак и сега сите се во очекување на одговорот од страна на властите на САД.
Инаку познато е дека, сеуште, невакцинираните лица немаат право на влез во таа земја, иако веќе во цел свет тие ограничувања на Ковид-19 веќе ги нема.
Во случај ова да се реши позитивно тогаш јасно е дека на Новак вратите ширум ќе му бодат отворени за настап на УС Опен во Њујорк.