МЗТ Скопје има шанса да направи уште еден џиновски чекор кон опстанокот во АБА-лигата. Актуелниот македонски првак денеска му гостува на Морнар, директен конкурент кога станува збор за излез од дното. Домашниот тим има победа повеќе од „сино-белите“.
Кеандре Кук, МВП-то на 18. коло, во својот втор меч се покажа како вистинско засилување, а сега на ден пред мечот во Бар, посакува тој и соиграчите да одиграат со иста енергија за да ги израдуваат своите фанови.
„Последните две победи, по една во АБА и на домашна сцена, покажуваат дека форматот на тимот оди нагоре и дека полека почнуваме да играме онака како што се очекува од нас. Се надевам дека во Бар ќе ја покажеме истата енергија како во победата против Цедевит Олимпија, што ќе биде основен предуслов за да го постигнете она што сите го сакате, а тоа е уште еден триумф во низа“, изјави Кук.
Дуелот меѓу Морнар и МЗТ Скопје е закажан со почеток во 18 часот.