Серијата од четири победи во низа на Феникс заврши во Куманово каде беше поразен со 73-68 во рамките на 15 коло во Првата лига. Домаќинот до само четвртиот триумф оваа сезона, додека пак на другата страна скопскиот состав го запиша шестиот пораз, со кој и натаму не е сигурен во позициите кои носат во следната рунда.
Ова беше доста изедначен меч, кој Куманово во реши во последните пет минути. Успеа да поведе со 71-63 и до крај да го задржи водството.
Џеферсон со 21 поен беше прв стрелец, 12 поени имаше Смит и девет скока, додека по десет запишаа Димитриевски и Нацевски. Кај поразниот состав Трајковски запиша дабл-дабл од 19 поени и 10 скока, имаше и седум асистенции, зад него со два поени помалку беше Митревски.
Последниот меч од ова 15 коло ќе се одигра за два дена, Академија ФМП е домаќин на МЗТ Скопје.