Во дербито на 23.коло во Лига 1, Монако на свој терен го победи ПСЖ со 3:1, иако според шансите оваа победа на домашниот состав требаше да биде изразена со поголема разлика.
Овој ПСЖ без Меси и Мбапе е ужас, ја продолжува серијата на негативни резултати и со право фановите на овој прескап клуб се прашуваат како нивниот тим ќе му се спротистави на Баерн Минхен во 1/8 финалето во ЛШ.
Головите за Монако ги постигнаа Головин во 4. минута, Бен Једер во 18.минута зголеми на 2:0. Зеир-Емери во 39.минута намали на 2:1 за да Бен Једер во последните секунди од првиот дел Монако зголеми на 3:1.
На крајот се испостави дека ова е конечниот резултат.